| Преставен најсилниот M3 GTS |
| Автомобилизам | |||
| Петок, 06 Ноември 2009 09:43 | |||
![]() Најекстремната верзија на серијата 3 од BMW беше преставена... пред јавноста, а на потенцијалните купувачи им се нуди по почетна цена од 115.000 евра. Најмноќната верзија на генерацијата E92 ќе биде придвижувана од модифициран V8 мотор преземен од моделот M3. 4.4 литарскиот осмак сега нуди 450 коњски сили, а за преносот е задолжен седум-степениот менувач со две спојки (M-DCT). Со оглед на тоа дека GTS изведбата има намера да го порази олеснетиот M3 CSL, во него се вградени лесни материјали, а одстранети се и "вишокот" климатизација и задни седишта. Епилогот е редуцирана маса од вкупно 1.490 кг. GTS изведбата е поставена на 19 инчни алуминиумски фелни, а зад нив ѕиркаат 6-клипните засилени кочници. Модификации се извршени и на подвозјето, а додадени се и заштитен кафез и противпожарен систем. BMW M3 GTS ќе биде достапен исклучиво по пат на индивидуална нарачка, и тоа со почетна цена од 115.000 евра. Првите испораки се очекуваат во мај следната година.
|
ТВ програма Странски канали
Анкета
Курсна листа
|
|||||||||||||||










EUR
USD
CHF
GBP























