| Наскоро "Aston Martin Cygnet" |
| Автомобилизам | |||
| Сабота, 19 Декември 2009 10:01 | |||
![]() Малиот луксуз на тркала наречен "Aston Martin Cygnet" беше за првпат... преставен во јавноста во својот конечен изглед Да потсетиме, луксузниот бренд се реши на ваков потег со цел на своите купувачи да им понуди и решение за градските гужви (читај: до пазарче). Токму затоа, британскиот произведувач направи соработка со Тојота за да го преработи нивниот модел iQ во ултра луксузно издание. Луксузното градско возило ќе биде придвижувано од 1.3 литарскиот мотор од Тојота, кој би требало да биде спарен со CVT менувачот со старт-стоп систем. Ова е првпат во својата 94 годишна историја "Aston Martin" да понуди автомобил од вакви димензии и класа, но тој сепак, нема да биде достапен за секого. Произведувачот најави дека моделот "Cygnet" ќе биде достапен само за нивните муштерии кои веќе имаат луксузен автомобил од нивната ергела. Малиот автомобил ќе поседува луксуз каков што му доликува, а со цена од околу 25.000 евра ќе се продава од крајот на слетната година.
|
ТВ програма Странски канали
Анкета
Курсна листа
|
|||||||||||||||












EUR
USD
CHF
GBP























