| Преставен е "Mini Countryman" |
| Автомобилизам | |||
| Петок, 22 Јануари 2010 13:09 | |||
![]() Малиот британски "Mini Countryman" е официјално преставен пред јавноста... еден месец порано откако што се очекуваше.. Малку е поголем од останатите "браќа", има пет врати и погон на сите четири тркала (All4). По потреба силата може да се префрли на предните, односно задните тркала. Овој модел го воведува брендот Мини во сосема нова димензија. Сепак, компанијата во сопственоста на BMW всушност сакала да покаже дека суштината на Мини не е изгубена. Елементите на стил сеуште се јасно видливи, посебно кога ќе ја погледнете високата линија на прозорите и големите предни светла. "Mini Countryman" во Европа ќе почне да се продава оваа есен, а во САД дури следната година. Ќе биде достапен со три бензиски и два дизел агрегати, а силата ќе се движи од 90КС (One D) па се до 184КС (Cooper S). Очекуваната цена за "Mini Countryman" е околу 20.000 евра па нагоре, во зависност од опремата и агрегатот.
|
ТВ програма Странски канали
Анкета
Курсна листа
|
|||||||||||||||













EUR
USD
CHF
GBP























