АвтомобилиПопуларно

Автомобилската криза продолжува да ја тресе Германија: Оваа компанија воведува намалено работно време поради „драстично намалената“ побарувачка, производството неизвесно

Германската филијала на автомобилскиот концерн “Ford” воведува намалено работно време поради „драстично намалената“ побарувачка за нејзините модели на електрични автомобили, јавуваат германските медиуми.

“Ford” поднесе барање до федералната канцеларија за труд за воведување на намалено работно време поради драстичното намалување на побарувачката за електрични автомобили“, изјави портпаролката на “Ford” за дневниот весник “Koelner Stadt Anzeiger” – пренесува “SEEbiz”.

Концернот објави дека побарувачката за електричните модели на “Ford” е драстично намалена, особено во Германија, поради што, како што беше речено, е неопходно да се намали обемот на производство.

Фабриките на “Ford” во Келн ќе работат само секоја втора недела до Божиќните празници. Во овие погони се произведуваат електрични верзии на моделите “Explorer” и “Capri”.

По “Volkswagen”, кој пред неколку недели најави затворање на фабриката во Германија и отпуштање на илјадници вработени, “Ford” е вториот германски автомобилски концерн кој најави намалување на производството.

Во Германија, по укинувањето на субвенциите за купување електрични автомобили на крајот на минатата година, побарувачката за овој тип на автомобили драстично опадна.

Експертите веруваат дека обновените разговори за одложување на забраната за автомобили со мотори со внатрешно согорување дополнително доведуваат до несигурност кај потрошувачите и придонесуваат за намалување на побарувачката за електрични автомобили.