Автомобилскиот гигант става клуч на врата на големата фабрика ! Најтешката одлука е донесена неочекувано, работниците трепереа од страв
Новата фабрика на “Volkswagen” на “Audi” во Брисел ќе престане со производство до 28 февруари следната година, изјави во четвртокот портпаролот на “Audi”, Питер Д’Хор, откако компанијата објави дека не е пронајдена алтернатива за затворањето.
„Одлуката за затворање на фабриката во Брисел е болна. Лично, тоа беше најтешката одлука што некогаш сум морал да ја донесам во мојата професионална кариера“, изјави Герд Вокер, член на управниот одбор на “Audi AG” и шеф на производството, пренесе “Reuters”.
Затворањето на фабриката изгледаше веројатно откако портпаролот во ноември изјави дека “Audi”, луксузниот оддел на “Volkswagen”, не успеал да најде купувач за проблематичната фабрика во Брисел.

Белгиските медиуми во октомври објавија дека кинескиот производител на електрични возила “Nio” бил меѓу заинтересираните за локацијата на “Audi” во Брисел, но главниот извршен директор на “Nio”, Вилијам Ли, негираше дека компанијата планира да ја купи фабриката.
Да потсетиме, во фабриката работат 3.000 луѓе и не е постигнат договор за нивната судбина. Во последната понуда “Audi” понуди значително повисоки отпремнини, но не беше постигнат договор. Затоа, “Audi” сега на секој вработен ќе му даде индивидуална понуда.

Одлуката за затворање доаѓа како дел од пошироката стратегија, која подразбира намалување на производствените капацитети, а целиот процес предизвика голема загриженост кај работниците и локалната заедница.
