Ако го купите овој автомобил, за пет години ќе ја изгуби речиси целата вредност
Вредноста на електричните возила (EV) драстично опаѓа, додека спортските автомобили ја задржуваат својата цена значително подолго.
Губењето на вредноста на автомобилите е неизбежно, но изборот на моделот може значително да влијае на тоа колку ќе изгуби на вредност по одреден временски период.
Според неодамнешна американска студија, автомобилите можат да загубат од 19,5% до 72,2% од својата вредност во рок од пет години.
Не е тајна дека електричните автомобили брзо ја губат својата вредност, а тоа го потврдува и најновото истражување спроведено од “iSeeCars”.
Во просек, “EV” моделите губат 58,8% од својата вредност во рок од пет години, што е значително повеќе од просечниот пад на вредноста кај автомобилите, кој изнесува 45,6%. Од друга страна, најдобро се покажале пикапите и хибридите, кои изгубиле 40,4% и 40,7% од својата вредност во истиот период.

Кои автомобили најбрзо ја губат својата вредност?
Со оглед на тоа што вредноста на “EV” моделите драстично опаѓа, не е изненадување што тие доминираат на листата на возила со најголема депресијација.
На прво место се најде “Jaguar I-Pace”, електричниот кросовер кој губи неверојатни 72,2% од својата вредност по пет години, што претставува финансиска загуба од 51.953 долари.
На второ место се наоѓа “BMW” Серија 7, кој губи 67,1% од својата вредност, односно 65.249 долари.

Во топ 5 автомобили со најголема амортизација влегуваат и:
- “Tesla Model S” – губи 65,2% од вредноста
- “Infiniti QX80” – губи 65,0%
- “Maserati Ghibli” – губи 64,7%

Спортските автомобили најмалку губат на вредност
За разлика од луксузните и електричните модели, спортските автомобили покажуваат најмал пад на вредноста по пет години.
Како најдобар во овој сегмент се издвојува “Porsche 911”, кој изгубил само 19,5% од својата вредност. Веднаш зад него е “Porsche 718 Cayman”, со пад од 21,8%.
Овие податоци јасно покажуваат дека купувањето на EV или луксузен автомобил може да доведе до голема финансиска загуба, додека спортските автомобили се подобар избор за одржување на долгорочната вредност.