Беснеел низ Германија со ауди, па го снимила камерата. Фотографијата од возачот стана хит
Сообраќајните камери фатија возач како со голема брзина се движи на автопатот А45 во правец на Хаген во Германија. Прекршокот го снимила брза камера од полициската управа во Дортмунд, но идентитетот на возачот тогаш не бил познат.
При прегледување на видеото од прекршокот снимено уште во септември во вечерните часови, полицајците биле изненадени од она што го виделе – возачот носел маска која потсетува на лик од Мапет шоу..
Иако фотографијата од возачот што ја објави полицијата веднаш стана хит на социјалните мрежи и на многумина им беше смешна, полицијата испрати предупредување дека маската го ограничува видното поле.
„Јасно е дека овој вид маска значително го намалува видното поле, што го зголемува ризикот од несреќи. Последиците од сообраќајна несреќа предизвикана од ваквото однесување може да бидат сериозни. Лицето кое предизвикува тешка сообраќајна несреќа не одговара само за материјална штета, но во најлош случај може да го загрози човечкиот живот.

Правилата предвидуваат дека учеството во сообраќајот бара постојана претпазливост и меѓусебно почитување. Секој кој учествува во сообраќајот мора да се однесува на таков начин да не предизвика повреда, опасност или непотребно вознемирување на другите учесници. Исто така, не смеат да се ограничуваат видот и слухот при возење“, предупреди полицијата.
Аудито со кое е направен прекршокот е регистрирано на 57-годишен жител на Хаген, а од полицијата велат дека наскоро ќе му биде доставена казна на домашна адреса.