Автомобили

(ВИДЕО) Вака изгледа кога некој вози „Mercedes“ со 1000 коњски сили на празна писта

Можеби мислиш дека имаш одлична работа, а потоа ќе дознаеш за дечко кој добива плата за тестирање на Мерцедес со илјада коњи на празна писта.

Возачот на спортски автомобили Ричард Бредли објави снимка од неговиот тест за прототип на Sauber-Mercedes C11 Group C. Изгледа и звучи неверојатно.

„Тешко дека има подобар начин да се помине вторник. Ц11 кој беше управуван од Михаел Шумахер, празна патека и неверојатни количини на моќ … Боже, го сакам овој автомобил“, напиша Бредли.

„C11“ е наследник на „C9“ на Sauber, кој го освои Ле Ман. Го користеше 5.0-литарскиот V-8 на својот претходник, истиот основен мотор што „Mercedes“ го користеше во SL500, а со два турбополначи имаше околу 700 до 750 КС во тркачката опрема.

Михаел Шумахер возеше Ц11 пред да го направи своето деби во Формула 1. Со Ц11, Sauber и Mercedes доминираа во Светскиот шампионат за спортски автомобили во 1990 година, но автомобилот никогаш не го освои Ле Ман. Sauber остана без трка во 1990 година, а успеа да го освои 5-то место на трката во 1991 година.