(ВИДЕО) Видеата на овој авто-салон се вистински хит, а ако ги погледнете ќе сфатите и зошто
Рекламите за автомобили често се крајно здодевни, особено кога ги прават сопствениците на помали салони. Но, не и оваа.
Застапништвото на „Nissan“ во Хјустон максимално ги користи социјалните медиуми за да генерира интерес и да привлече нови клиенти. Нивните објави на „TikTok“ се мерат во милиони прегледи, а речиси исто толку успешни се и на другите мрежи. Само една објава на „TikTok“ собра речиси 16 милиони прегледи.
Се започна со видео од несреќен човек кој падна од носилка и стана вовед во видео од салонот во кој вработен во „Nissan“ промовира доживотна гаранција за возила, користени и нови. Можеби најсмешното видео е тоа што започнува со кученце кое напаѓа човек, а потоа продолжува со менаџерот на салонот кој вели дека посетителите овде „никогаш нема да бидат нападнати од продавач“.
Во изјавата за „Auto News“, продавачот на „Nissan“, Хозе Лопез вели: „Се работи за мамка и привлекување на вниманието на луѓето за кратко време. Луѓето навистина сакаат да гледаат повредени луѓе или несреќи“. За среќа, виралните видеа избегнуваат графички сцени, и наместо тоа ја претвораат потенцијалната болка во хумор во вистинскиот момент.
Веќе е потврдено дека овие најави позитивно се одразиле на посетеноста и продажбата на салонот. Исто така, нивните продавачи се вистински ѕвезди со кои клиентите често се фотографираат за некои нови објави. Поради ова авто-салонот има речиси 100.000 следбеници и 6 милиони лајкови. Импресивно за салон кој се занимава само со продажба на автомобили.