(ВИДЕО) Електричен мерцедес експлодирал додека се полнел во домашен штекер
Иако статистиката покажува дека електричните автомобили не се палат почесто од автомобилите на бензин или дизел, карактеристиките на пожарот на електричните возила остануваат загрижувачки. Имено, ваквите пожари потешко се гасат, особено кога се појавуваат додека возилото се полни.
Неодамнешен пример доаѓа од Велика Британија, каде што електричен Mercedes-Benz EQA вреден 60.000 евра експлодираше и предизвика пожар во домот на Скот и Џорџина Бејлис во Спратон.
Скот Бејлис го опиша моментот на експлозијата: „Гледавме телевизија и одеднаш се слушна тресок. Мојот син мислеше дека е огномет, но потоа слушнавме силна експлозија, како бомба. Огнот беше насекаде, а пламенот го зафати автомобилот и предниот дел од куќата“.
За среќа, семејството успеало да излезе од куќата, додека Скот се обидел да го контролира огнот со вода.
Возилото, на кое имало повеќе од 75.000 километри, било поврзано со полнач кога се случила експлозијата. Батеријата неконтролирано се прегреала, а пожарот ескалирал. Пожарникарите предупредуваат дека за гаснење пожари на електрични возила често се потребни повеќе од 10.000 литри вода, во споредба со околу 2.700 литри потребни за гаснење на возила со бензин и дизел.