АвтомобилиПопуларно

(ВИДЕО) Шок и неверување во сервисот: Господине, чудо е што сте живи

Има автомобили кои буквално ги „изела“ ’рѓата.

Иако модерните автомобили се добро заштитени од корозија, постојат делови од автомобилот каде што може да се појави ’рѓа. Неверојатно видео објавено на Инстаграм покажува колку корозија може да уништи автомобил.

Кога сопственикот на американски Форд Фокус го донел својот автомобил во сервисот, механичарите биле толку шокирани од она што го откриле што снимиле видео кое брзо станало вирално.

Сопственикот на Фордот рекол дека „нешто чука додека возел“, а звукот станувал погласен како што се зголемувала брзината. Кога механичарите го подигнаа автомобилот, имаа што да видат – долната страна на возилото беше целосно зарѓана.

Каросеријата на модерните автомобили се добро заштитени во фабриката и генерално не се премногу подложни на ’рѓа.

Сепак, за разлика од нив, критичните области како што се спојниците, како и механичките делови на шасијата, се подложни на корозија.