(ВИДЕО) Што вози народот во Северна Кореја?
Судејќи по оваа снимка, на улиците во Пјонгјанг се движат многу малку возила.
Северна Кореја и Западот не се баш во најсрдечни односи. Долгогодишните санкции влијаат на тоа каква стока може да набави оваа изолирана азиска земја од надворешниот свет. Автомобилите не се исклучок, но тоа не значи дека на улиците на Пјонгјанг нема и модели од Западот.
Видеото кое, како што пренесува “Motor1”, на почетокот на овој месец на “Youtube” го објавил поранешен жител на Северна Кореја, открива неколку модели кои можеби не ги очекувале во оваа држава и воедно дава интересен поглед на автомобилската сцена во нејзиниот главен град.
Видеото е снимено од велосипед додека неговиот автор возел низ Пјонгјанг. Иако квалитетот на снимката е нешто полош, може да се видат бројни модели на автомобили кои официјално не се продаваат во Северна Кореја.
Многу возила доаѓаат преку сомнителни канали, често преку Кина и други пријателски држави. Мал број на жители имаат автомпобил во Северна Кореја, а пешачењето и велосипедизмот се најчести начини на движење за повеќето граѓани. Поседувањето на возило во главно е резервирано за престижните членови на општеството.
Меѓутоа, на снимата се гледаат и неколку луксизни возила како крстарат по широките улиците на Пјонгјанг. Тука има неколку постари Мерцедеси, вклучувајќи и автомобили од гернациите “W123” и “W124”.
Тојота е уште еден популарен бренд, со “Highlander” од првата генерација на почеток на водеото. Третата генерација на “Lexus LX” се појавува пред крајот, непосредно пред “Audi Q7” да прелета пред камерата.
Не е јасно кога авторотот го снимил ова видео.