Дали е конечно дојдено време за летечки автомобили? 2.850 веќе нарачани
Alef Aeronautics е автомобилска компанија од Калифорнија, која цели да го произведе првиот летечки автомобил во историјата. Инвеститор на компанијата е SpaceX и како што кажуваат, до сега се веќе нарачани 2.850 автомобили
Alef го продаваат нивниот Model A летечки автомобил со две врати за 300.000 долари штом е достапно за јавноста, а според бројките што ги кажуваат, веќе имаат заработено 850 милиони долари само во преднарачки.
За разлика од другите компании, Alef цели кон друг стил на автомобил. Односно нивните модели ке изгледаат како вистинска кола со мрежеста обвивка која штити осум ротори одвнатре. Овој модел користи нов метод наречен eVTOL (електрични вертикални возила за полетување и слетување)
За тие кои што се заинтересирани во првиот модел и сакаат да нарачаат, потребно е да се даде 150 долари депозит. Депозитот не е заклучен што значи дека парите може да се повлечат во било кое време.
„Од денес имаме нешто повеќе од 2.850 преднарачки со намалени депозити, што го прави најпродаваниот авион во историјата, повеќе од Боинг, Ербас, Џоби Авијација и повеќето eVTOL модели комбинирано“, изјави извршниот директор на Alef, Џим Духовни.
Повеќето играчи на пазарот во моментов градат модели кои личат на авиони и имаат крила прикачени на страните или големи ротори слични на хеликоптер.
Духовни го нарекува возилото на Алеф „првиот летечки автомобил во историјата“. Тој вели дека тој е прв бидејќи, наместо масивните дизајни на дронови што ги има во возилата како Lilium и Joby Aviation, Алеф изгледа како вистински автомобил.
„Знам дека луѓето го побараа првиот летечки автомобил“, рече Духовни. „Но, секогаш имавме идеја дека тоа треба да биде автомобил, физички автомобил, како што можете да видите дека е eVTOL, електричен автомобил. Oбичен автомобил, возете, паркирајте, погледнете, сè како секојденвен автомобил, но плус вертикално полетување“.
Автомобилот на Алеф е главно дизајниран да се вози на пат, но ќе може да се искачи и на небото.