Дали е ова најмоќното теренско воено возило?
Генерациите на оние кои служеле воен рок, но и љубителите на автомобилите, многу добро го памтат австрискиот „Pinzgauer“, веројатно најдоброто теренско возило на светот. „Steyr-Puch Pinzgauer“ од 1967-ма до 2000-та година се произведувал во Австрија, а потоа неколку години во Велика Британија.
Вкупно 30.000 парчиња го видоа светлото на денот и освен во вооружените сили, наоѓал купувачи во бројни други земји од светот: од Велика Британија и САД, до Малезија и Нов Зеланд.
Возило на „Терминаторот“
Попатно кажано, многу од „Pinzgauer“ возилата се во приватни раце. Голем фан е и холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер, кој пред неколку години набавил модел 6×6 718 K кој е направен според неговите идеи. Поради тоа многумина го критикувале бидејќи „Pinzgauer“ не е баш климатски прифатлив.
Како и да е, „работниот коњ“ низ годините постепено беше исфрлан од војската, а сега е пронајден наследник: „Iveco MUV“ (Multirole Utility Vehicle).
Базиран на моделот „Daily“
Военото возило на компанијата „Iveco Defence Vehicles“ се базира на „Iveco Daily“ и развиено е посебно за воени потреби. Станува збор за двоосовинско возило со постојан погон на сите тркала (4×4).
Има мотор од 130 kW Euro III и нуди носивост до четири тони за опрема за мисии со бруто-тежина до седум тони.
„MUV е функционално, робустно и многу мобилно воено возило дизајнирано за широк и разнолик распон на оперативни задачи. Многу е подвижно и може да се користи во широк распон на тешки терени и климатски услови“, опишува произведувачот.

Приспособливоста исто така е зголемена со опција за дополнителна заштита по потреба.
Возилото со моќ од 180 коњски сили и најголема маса од седум тони е дизајнирано за најтешки терени со променлив погон на сите четири тркала. Достапно е во различни изведби. ОСвен за телекомуникациска употреба, возилото може да биде наменето и за спасување. Треба да се нагласи дека возилата немаат вооружување.