АвтомобилиПопуларно

Електричен рекордер: Овој автомобил поминал 666.000 километри за три години!

Верувале или не – еден електричен Hyundai Ioniq 5 успеал да достигне импресивни 666.255 километри.

Според објавата на Фејсбук групата „Невозможна километража“, сопственик во Јужна Кореја ја собрал оваа неверојатна километража на модел од 2023 година во период од приближно три и пол години.

Тоа значи дека возилото поминувало повеќе од 500 километри дневно, под претпоставка дека се возел сите седум дена во неделата.

Доколку батеријата го задржи првобитниот капацитет до крајот на својот век, тоа би значело целосно празнење приближно на секои 24 часа, што е неверојатен напор за секоја батерија, пренесува канадската веб-страница „Driving“.

Возачот наведува дека возилото било подложено на замена на акумулаторот на поминати 580.000 километри. Се верува, но не е потврдено, дека Hyundai ја заменил батеријата бесплатно.

На повеќето пазари, Hyundai нуди гаранција од 10 години или 100.000 милји за батеријата Ioniq 5, но не е невозможно марката да одлучи да ја замени батеријата во овој конкретен случај за да ја искористи можноста за паметен маркетинг потег.

Што се однесува до самиот автомобил, површен поглед на фотографиите покажува дека тој изгледа изненадувачки добро сочуван, а неговата чиста бела боја сјае во контраст со затемнети стакла.