АвтомобилиПопуларно

Кинезите претставија систем кој ги полни електричните возила за пет минути! Што ќе прави сега Тесла?

Кинескиот производител BYD денеска претстави батериски систем кој ги полни електричните возила за пет минути.

Според тврдењата на компанијата, новиот систем му овозможил досег на електричниот автомобил од 470 километри по пет минути полнење, пренесува “Bloomberg”.

На настан во Шенжен, претседателот и основач на компанијата Ванг Чуанфу изјави дека новата платформа на компанијата ќе им овозможи на возачите да достигнат брзина од 100 километри на час за две секунди.

Кинескиот авто-аналитичар Леи Ксинг рече дека BYD ја „подигнува играта на друго ниво“ со својот најнов систем, бидејќи новиот систем на батерии ќе биде основа на многу идни електрични возила.

За споредба, суперполначите на Tesla можат да обезбедат до 275 километри досег на електрично возило за 15 минути полнење.

BYD имаше одличен почеток на 2025 година бидејќи компанијата, која произведува само хибридни и целосно електрични автомобили, продаде повеќе од 318.000 патнички возила минатиот месец, што е за 161 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Акциите на кинеската компанија на берзата во Хонг Конг годинава пораснаа за околу 45 отсто, додава њујоршката агенција.