АвтомобилиПопуларно

Кинескиот гигант претстави EV батерија со домет од 515 километри по пет минути полнење

Кинескиот CATL, најголемиот светски производител на батерии за електрични возила, ја претстави надградената батерија Shenxing со домет од 515 километри по само пет минути полнење.

„Уште еднаш ги поместуваме границите на перформансите“, рече главниот технолошки директор на CATL Гао Хуан на Денот на технологијата на компанијата во Шангај.

Гао Хуан изјави дека новата батерија Shenxing ќе напојува повеќе од 67 модели на електрични возила оваа година, пренесува CNN.

Компанијата, исто така, претстави нова натриум-јонска батерија за електрични возила за која CATL верува дека е поприфатлива и побезбедна алтернатива на литиумските и оловните батерии.

Перформансите се дополнително подобрени во однос на конкурентниот BYD кој исто така нуди полнење од пет минути, но со малку поскромна досег од 402 километри.

За споредба, суперполначите на Tesla многу заостануваат, бидејќи нивните возила можат да поминат „само“ 322 километри по 15 минути полнење.

CATL – кој испорачува широк спектар на брендови на автомобили, вклучувајќи ги Тесла, БМВ, Фолксваген и Форд – беше најголемиот светски снабдувач на електрични батерии осма година по ред во 2024 година со 38 отсто удел на глобалниот пазар, објавија медиумите.