Мислите дека во Скопје е тешко да се најде паркинг? Овој главен град во регионот е пекол за паркирање
Во повеќето модерни градови често има хроничен недостиг на места за паркирање – но во овој град ова е доведено речиси до крајност.
Што ако ви кажеме дека постои главен град на Балканот каде што на патиштата има 13 пати повеќе возила отколку паркинг места? Можеби оваа информација звучи неверојатно, но така велат официјалните податоци.

Станува збор за Загреб, главниот град на Хрватска, каде во 2023 година на патиштата имало 464.231 возила, додека на располагање се околу 39.000 паркинг места (вклучувајќи гаражи, бесплатни и платени).

Овие податоци ги откри портпаролот на Сообраќајната полиција во Загреб, Крешимир Мишиќ, на трибина одржана неодамна.

Ова е едно од објаснувањата за метежот во Загреб, а Мишиќ додаде дека во периодот од 2019 до 2023 година се зголемил бројот на мотоцикли и мопеди, што дополнително придонесува за сообраќајниот метеж, објави Хрватски “AutoClub”.