АвтомобилиПопуларно

Нов напад врз Тесла? Пожар на станицата за брзо полнење ФОТО

Изгореа седум полначи, истрагата е во тек.

Во раните утрински часови во вторникот, возачите кои поминувале забележале густ облак од црн чад што се издига од трговски центар во Литлтон, Масачусетс, САД.

Најмалку седум станици за полнење беа во пламен, а противпожарните служби брзо реагираа и го изгаснаа пожарот.

Сепак, штетата е голема, а полицијата веднаш покренала истрага за можно подметнување пожар, пишува “CarScoops”.

Саботажа или несреќа?


Пожарите на станиците за полнење се исклучително ретки и обично се резултат на технички дефекти за време на полнењето.

Сепак, според официјалното соопштение на Tesla, ниту еден од автомобилите не бил поврзан со полначи во моментот на пожарот, што укажува на намерен напад.

Брза поправка и јавна реакција

Компанијата Тесла на социјалната мрежа Х објави дека станицата ќе биде повторно во функција за 48 часа. Многу корисници изразија лутина и фрустрација, истакнувајќи дека овој инцидент ги погодува не само сопствениците на Tesla, туку и другите корисници на електрични возила.

Во меѓувреме, заедницата се обидува да помогне во решавањето на случајот – понудена е награда од 5.000 долари за информации кои ќе доведат до сторителот.

Трет напад на Тесла за краток период

Ова е трет сомнителен напад на Тесла во последно време:

Минатата недела во Колорадо, маж беше уапсен со запаливи материјали во близина на застапништвото на Tesla.
Во Франција најмалку десет автомобили Тесла изгореа во сервис
Се верува дека сите овие напади се реакција на постапките на Илон Маск, особено во однос на неговите ставови и улога во новата американска администрација.