Ова е единствената електрична „Toyota GT 2000“ на светот и ја чуваат во музеј
Технолошкиот музеј на „Toyota“ во градот Нагоја во Јапонија содржи и некои единствени прототипови кои го привлекуваат вниманието на љубителите на автомобилите.
Фотографот Лери Чен го снимил ова видео во споменатиот музеј, и ни прикажал неколку ретки примероци.
Еден од нив е „Toyota ESB“, модел ограничен на 10 примероци, кој е развиен за тестирање на безбедносните стандарди во 70-тите. Освен по доверливоста, „Toyota“ е позната и по раните безбедносни иницијативи.
Вториот омилен автомобилот на Чен во овој музеј е „Toyota Soarer“, GT купе кое во САД се продавало како „Lexus SC“ во своите подоцнежни инкарнации, а кој работел на „2J3“ мотор.
Фотографот имал можност да види постар модел со „5M-GEU“ шестцилиндарски мотор со 170 коњски сили, кој се вградувал во „A 60 Toyota Celica Supra“.
Тука била и „Toyota 2000GT“, но посебна, бидејќи во овој спортски автомобил е додаден електричен погон.
Моделот „2000GT“ е еден од најбараните кој го произвела „Toyota“, многу е ценет и вреден, но прашање е како им ќе се допадне на ентузијастите со оглед на сите модификации.
Во музејот се чува и „Lexus LFA“ во жолта боја, како, како и „2000GT“, е развиен во соработка со „Yamaha“. Тоа може да објасни и зошто 4.8-литарскито „1LR-GUE V10“ мотор е меѓу фаворитите кога станува збор за звукот.