Ова се најпродаваните автомобилски марки во Европа, има и неколку изненадувања
Според последните податоци на компанијата „JATO Dynamics“, во Европа се продадени речиси 12,8 милиони нови возила во 2023-та година, што е на ниво на пазарот од пред десет години.
„Volkswagen“ повторно бил најпродаван бренд на европскиот пазар минатата година, а германскиот џин продал повеќе од 1,34 милиони автомобили и воедно остварил раст од 12 проценти во однос на резултатот постигнат во 2022-ра.
Зад „Volkswagen“ на листата најпродавани марки е „Toyota“ со 819.544 продадени автомобили, додека третата позиција му припаднала на „Audi“, кој во 2023-та година испорачал повеќе од 730.000 автомобили.
Најголем процентуален раст од 196% кога станува збор за „народните“ брендови, остварил кинески „BYD“, но Кинезите продале нешто помалку од 16.000 автомобили, па растот од таа гледна точка сè уште е занемарлив.
Поконкретен бил некогаш британскиот, а денес кинески бренд „MG“. Тие продале повеќе од 230.000 автомобили во Европа, со рекорден раст од 105%.
Од овие бројки, „MG“ забележал повеќе од 90.000 испораки на компактниот „SUV“ модел „ZS“, кој на одредени пазари во ЕУ може да се најде по цена пониска од 15.000 евра.
Добар продажен резултат исто така забележале: „Tesla“ (раст од 56%), „Suzuki“ (раст од 43%), „Cupra“ (раст од 41%), Mazda (раст од 30%) и „Škoda“ (раст од 26%).
Најпродаван модел во Европа во минатата година бил „Tesla Model Y“ со повеќе од 250.000 испорачани единици, а зад него бил „Dacia Sandero“ so 234.000 и потоа „Volkswagen T-Roc“ со 204.000.
Топ 14 најпродавани брендови во 2023-та година:
Volkswagen – 1.343.740 продадени примероци
Toyota – 819.544
Audi – 730.690
BMW – 725.083
Mercedes – 702.886
Renault – 678.236
Škoda – 674.464
Peugeot – 635.176
Kia – 555.033
Ford – 551.939
Dacia – 550.889
Hyundai – 528.645
Opel/Vauxhall – 455.762
Fiat – 373.249
Citroen – 368.973