Овие автомобили беа многу популарни во Европа во 90-тите – па ги снема! Сега повторно се враќаат, во ново руво!
Малезиски „Proton“ планира повторно враќање на европскиот пазар, поточно на пазарот на Велика Британија, Ирска, Кипар и Малта, а можно е ширење и во остатокот од Европа, пишува „Autocar“.
Со проширувањето, кое ќе опфаќа и враќање во Австралија и Нов Зеланд, сакаат значајно да ја зголемат глобалната продажба на „Proton“ по воспоставувањето на новото седиште и производната база која моментално е во изградба во западна Малезија. Познато како „Automotive Hi-Tech Valles“ (AHTV), центарот е дел од инвестицијата вредна неколку милијарди долари на сопственикот „Geely“ и малезискиот индустриски конгломерат „DRB-HICOM Berhad“
„Со новите вложувања „Proton“ ќе има средства да се врати на пазарите од кои си замина, додека истовремено ќе влегува на нови пазари“, рекол изворот за „AutoCar“.
Малезиската марка на автомобили со години беше активна во Европа, посебно во текот на 90-тите. Не е откриено кога точно планира ширење, иако за „AutoCar“ е кажано дека главните извозни пазари ќе бидат допрени подоцна оваа деценија. Марката продавала модели во Велика Британија д 1989-та до 2014-та.
Големи вложувања
Во 2023-та година „Geely“ најави планови за вложување до 3,5 милијарди фунти во развојот на „AHTV“. Подоцна малезискиот премиер Анвар Ибрахим изјави дека реалната бројка на вложување во „Geely“ е поблиску до 7,9 милијарди фунти.
„Geely“ допрва треба официјално да ги потврди вложувањата во „Proton“. Компанијата моментално продава четири модели – „Proton X50“, „Proton X70 (Geely Boyue“, „Proton X90 (Geely Haoyue)“ и „Proton S70“ (Geely Emgrand).
Исто така продолжува производството на три традиционални модели од своите поранешни операции со „Mitsubishi“-“Saga“, „Persona“ и „Iris“.
Покрај тоа, воспоставен е и нов бренд на електрични автомобили со името „e: MAS“. Првиот модел на марката, „e: MAS 7“, се базира на „Geely Galaxy E5“.