АвтомобилиПопуларно

ОФИЦИЈАЛНА СТАТИСТИКА Автомобилите на бензин почесто се расипуваат од електричните

Доверливоста на е-возилата се зголемува од година во година, а најголем пад на зачестеноста на дефектите е забележан кај моделите од минатата набљудувана година.

Според податоците на германското автомобилско здружение ADAC, електричните автомобили се посигурни и поретко се расипуваат од возилата со бензински и дизел мотори.

Статистиката за дефекти покажува дека електричните автомобили регистрирани помеѓу 2020 и 2022 година имале 4,2 дефекти на секои 1.000 возила.

За споредба, кај возилата на бензин и дизел таа бројка е 10,4 промили, што значи дека дефектите се речиси двојно почести кај класичните автомобили.

Доверливоста на е-возилата се зголемува од година во година, а најголем пад на зачестеноста на дефектите е забележан кај моделите од минатата набљудувана година.

ADAC го припишува ова подобрување на елиминирање на почетните проблеми што ги мачеа раните модели на електрични автомобили.

Најчестиот дефект, како кај класичните така и кај електричните автомобили, е дефектот на батеријата што го напојува возилото. Оваа статистика се базира на интервенциите на службите за помош на пат на ADAC, кои ги регистрираат сите случаи кога возачите морале да побараат помош, пренесува “SeeBiz”.