„Пат на стравот“: Знаете ли за што служи црвената линија на патот?
Земјите на секој начин се обидуваат да ја зголемат безбедноста во сообраќајот, а ова е само еден таков пример.
Шпанската влада одлучи да ја постави оваа дебела црвена линија на патот А-355, а ќе ви биде многу појасно зошто кога ќе го слушнете прекарот на оваа сообраќајна делница.
Патот А-355, имено, е познат и како „Пат на стравот“, бидејќи на оваа делница долга само 10 километри во последните 12 месеци загинале дури 10 луѓе.
Воведени се нови ознаки на патиштата за да се предупредат возачите за опасностите што демнат на овој потег што ги поврзува Марбела и Катама.
Служи за раздвојување на две сообраќајни ленти, а дополнително е обоен во црвено за да им биде јасно на возачите дека не смеат да претекнуваат други на тој дел од 4 километри.
Во основа, оваа црвена линија ја заменува цврстата бела линија која ја има истата функција, но таа е направена на овој начин за да биде уште позабележлива.
Покрај оваа безбедносна мерка, предвидено е делницата да добие и четири радари, а надлежните ќе се обидат да ја подигнат свеста на возачите со дигитални панели кои велат дека треба да успорат.