АвтомобилиПопуларно

Рено изгради Бетмобил за лов на рекорди!

Нова екстраваганција пристигнува од Франција.

Во Рено едноставно не можат да се одморам. Најновото дело се вика “Filante Record 2025”, а создадено е само со една цел.

Верувале или не, тоа е за да се минимизира потрошувачката на енергија. Затоа, не треба да изненадува необичниот дизајн и фактот дека е едносед.

Овој автомобил се напојува со електрична енергија. Опремен е со батерија со капацитет од 87 kWh, која треба да обезбеди соборување на рекорди во однос на досегот.

Има и дизајн со изразена аеродинамика, но со детали кои потсетуваат на трите претходни ловци на рекорди.

Filante Record 2025 е голем автомобил. Долг е 5,12 метри, широк само 1,71 метри и висок само 1,19 метри. И покрај големата батерија, автомобилот тежи само 1000 кг. Забележете дека само батеријата тежи околу 600 кг. Токму така, Renault успеа да ја намали тежината на возилото користејќи јаглерод, алуминиум и одредени челични легури со процесот на 3D печатење.

Првите проценки од нумеричките симулации велат дека гумите имаат 20 проценти влијание на потрошувачката, па на концептот се поставени специјални гуми од 19 инчи од Michelin.

Тестовите, наводно, сè уште не се извршени, но од Renault велат дека се очекува драстично подобрување во споредба со многу поупотребливиот Scenic E-Tech опремен со батерија со ист капацитет. Да потсетиме, Mercedes со концептот Vision EQXX успеа да ја намали потрошувачката на 7,4 kWh/100 km, што е двојно помалку од денешните електрични автомобили.