Се продава блиндираната лимузина на американскиот претседател: Погледнете како изгледа (ФОТО)
Денес, речиси сите претседатели се возат во оклопни лимузини, практика за прв пат иницирана за време на Втората светска војна од американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт.
Речиси е невозможно да се дојде до претседателска лимузина, особено кога станува збор за оние што ги користат американските претседатели.
Меѓутоа, еден сега е ставен на аукција. Станува збор за лимузина „Кадилак“ што ја користел Бил Клинтон. Изработени се вкупно три примероци, во кои се вложени околу шест милиони долари.
Овој специфичен примерок е произведен во 1996 година, а овој седан се карактеризира со зголемување на димензиите во сите правци. Посебна карактеристика е што линијата на покривот е подигната за забележителни 7,5 см.
Кабината е целосно блиндирана, а автомобилот има сопствен систем за кислород и противпожарна заштита. Безбедносната опрема вклучува и гуми „run-flat“, како и голем број додатоци.
Седанот го придвижува моторот Big Block V8 на GM со околу 450 КС. Интересно е што оваа лимузина поминала само илјада километри, што значи дека е значително помалку користена од другите две. Eдното е во музејот „Клинтон“, а другото се уште е во сопственост на ЦИА.