АвтомобилиПопуларно

Се шири нов тип на измама за паркирање: Еве како функционира и на што да внимавате

Паркомерите се на мета на криминалци: измамниците со нова измама сакаат да добијат пари од граѓаните.

Паркинг автоматите се нова алатка за измамниците да крадат пари од возачите кои сакаат да платат за паркирање.

Оваа измама се шири низ цела Германија, но може да стигне и до нашата земја. Имено, измамниците лепат налепници со лажни QR кодови на паркинг машините, за да изгледаат како вистински апликации за плаќање паркинг. Но, кога тој QR код ќе се скенира, тој го носи корисникот на веб-локација која изгледа слично на вистинската платформа, а потоа бара од него да внесат информации за кредитната картичка, пишува Fenix-Magazin.

Измамата најпрво беше откриена во Хановер во средината на ноември, а потоа случаи беа пријавени и во Берлин и Рајнланд-Пфалц.

Новиот метод што го користат измамниците се нарекува quishing, а тој е комбинација од фишинг и QR код. Покрај паркомерите, измамниците на почетокот на оваа година ги нападнаа и станиците за полнење на електричните автомобили.

Полицијата ги предупреди граѓаните да не отвораат директно QR кодови, туку да го проверуваат URL-то. Исто така, им се советува да бараат потенцијално сомнителни налепници пред да скенираат и да го оневозможат автоматското отворање на врски со QR код во поставките на нивниот паметен телефон.