Со „BMW“ дивеел низ државата,а кога ќе ги видите налепниците на неговиот автомобил ќе сфатите дека е безобразен
Британската полиција фатила возач на „BMW“ како вози брзо на автопат – со 190 км/ч на Божик. Посебни им падна во очи налепница на автомобилот на која пишува: „И мене ме плаши моето возење“.
Полицијата откри дека возачот е фатен и сега се соочува со судска постапка. Тој возел пребрзо со “М27” среде бел ден на Божик.
Фотографиите од црното “BMW” покажуваат дека автомобилот е модифициран и има голем спојлер, пишува “Daily Mail”. На автомобилот има неколку налепници на кои пишува: „И мене ме плаши моето возење“, „Несфатен“ и „Прегласно? Штета“.
„Иако патиштата се мирни, тоа не е оправдување да ги користиме како автопат без ограничувања … ние сè уште патролираме … Овој возач научи на потешкиот начин“, соопшти полицијата на “X”.