АвтомобилиПопуларно

Тесла ги повлекува сите “Cybertruck” возила по проблем со педалата за гас

Американската компанија „Тесла“, која произведува возила со електричен погон, ги повикува сопствениците да вратат 3.878 продадени „Cybertruck“ возила оваа година на поправка откако откри дека педалата за гас може да се заглави, што може да доведе до неконтролирано забрзување на возилото и да предизвика судир.

Поддршката на педалата за гас може да ја придвижи и заглави – се вели во документот на Федералната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA).

„Тесла“ вели дека не знае дали имало несреќи, повредени или смртни случаи поради проблемот, соопшти Федералната управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата.

Tesla, на чело со милијардерот Илон Маск, вели дека бесплатно ќе ги замени или поправа склопот на педалата за гас.

Производителот ја испорача првата дузина од своите футуристички „Cybertrucks“ – пикап на клиентите во ноември, две години по првичното ветување и сè уште не е познато кога би можело да започне нивното масовно производство.

На крајот на минатата година, во врска со тешкотиите во производство, Маск рече: „Сами го ископавме гробот со „Cybertruck““.