Автомобили

Тесла: „Ова ви е иднината“ (ВИДЕО)

Илон Маск неодамна ја претстави новата компанија за автономни роботи за такси Tesla Cybercab, а сега е објавено видео кое подетално ја опишува неговата визија.

Во иднина предвидена од шефот на Tesla, на луѓето повеќе нема да им требаат евтини автомобили, туку поедноставни и поевтини форми на превоз – ова автономно такси треба да биде едно од нив.

Се уште не е познато кога Cybercab треба да профункционира, односно кога ќе може да се види на улиците како превезува луѓе, но во новото промотивно видео имавме можност да видиме како треба да изгледа.

Кога некој сака да нарача возење, тоа ќе го направи преку посебна апликација, а локацијата ќе ја препознае самото такси. Cybercab ќе ги приспособи музиката, климатизацијата и седиштата на патникот, а штом патникот ќе се приближи, возилото ќе ги отвори само вратите, а по потреба и багажникот.

Волан нема, но пред двајцата патници (можат да влезат само двајца) има екрани на кои патниците можат да гледаат филмови или серии, а оние чие патување ќе трае подолго можат да дремнат и на предното седиште.

Во самиот опис на видеото се наведува дека овој облик на превоз е брз, евтин и генерално најзгоден, а во самиот наслов дека „иднината е автономна“. Останува да се види прво кога, а потоа до кој степен оваа технологија ќе заживее.