Автомобили

Украл скапо Ферари: Не гледал што има на совозачкото седиште

Криминалецот кој украл скапо Ferrari 812 GTS немал надеж дека полицијата ќе го пронајде поради превид што лесно можел да го избегне.

Овој инцидент се случи неодамна во Конектикат (САД), а мета на крадци беше автомобил вреден 575.000 долари.

Меѓутоа, кога го украл ова возило, крадецот не сметал на едно нешто – сопственикот оставил пар AirPods на совозачкото седиште, што криминалецот не го забележал.

Благодарение на овој уред, полицијата успеала да го лоцира автомобилот, а потоа да го уапси 22-годишниот крадец кога застанал на бензинска пумпа.

Овој крадец удрил со Ферарито прво во полициското возило, а потоа излегол од автомобилот низ прозорецот.

Тој дури успеал да избега, но внатре го заборавил телефонот, врз основа на што полицијата го легитимирала, а потоа го пронашла и уапсила десет дена подоцна, на 26 септември. Покрај тоа, неговиот соучесник бил фатен и во друга кражба на автомобил.