Автомобили

(ФОТО/ВИДЕО) Првиот соларен трицикл доаѓа на пазарот, позната е и цената

Достигнува 177 km/h, а до 100 km/h забрзува за помалку од четири секунди!

Првиот автомобил на соларна енергија (трицикл) ќе се појави на пазарот за неколку месеци. Возилото со футуристички изглед може да патува само 40 милји дневно со соларна енергија, но тоа не спречи 48.000 клиенти во САД, каде што ќе се продава, веќе да го нарачаат.

Цената започнува од 35.000 долари. Трициклот на американската компанија Aptera Motors неодамна се возеше во Сан Франциско.

Тајната на ова електрично возило е во тоа што тежи околу 65 проценти помалку од другите електрични возила, а поради неговиот уникатен, аеродинамичен дизајн и намалената тежина, му требаат само околу 30 проценти од енергијата што ја користат другите, конвенционални електрични возила.

На сончеви локации, автомобилот речиси никогаш не треба да се полни на електричен полнач, тврди производителот.

Откако ќе се наполни, треба да помине 600 километри со целосно наполнета батерија. Капацитетот на батеријата сè уште не е познат.

Моделот е исклучително лесен и има многу низок отпор на воздухот (само 0,13). Од друга страна, во пракса е тешко да се постигне доволна ефикасност со релативно мал број соларни ќелии, но во Аптера имаат доверба во својот систем.

Според компанијата, овој двосед достигнува максимална брзина од 177 km/h и забрзува од 0-100 km/h за помалку од четири секунди.

Иако од Аптера велат дека не штеделе на безбедноста, тоа не е автомобил во строга смисла на зборот, туку трицикл кој тежи не повеќе од 800 килограми со најмал акумулатор.

Со цел брзо да обезбеди копија за сите клиенти кои ја нарачале, Аптера бара дополнителни средства. Ова не им е прв пат.

Имено, компанијата започна со работа во 2005 година и во меѓувреме веќе еднаш банкротираше, а веројатно има технички проблеми околу евентуалното европско одобрение за Аптера.