АвтомобилиПопуларно

Јапонски трик за разладување на автомобил кој стоел на сонце: Ќе ја намали температурата за 10 степени пред да ја вклучите климата!

Кога автомобилот е оставен на сонце во топлите летни денови, влегувањето во него се претвора во вистински кошмар.

AutoBild пишува дека постои мал трик кој ви овозможува да ја намалите температурата во автомобилот за 10 степени, без да го запалите моторот или да ја вклучите климата.

Возачите обично го палат моторот и ја вклучуваат климатизацијата кога ќе стигнат до нивниот автомобил откако долго време бил на сонце.

Сепак, прво пожелно е малку да се излади кабината за да не мора да работи климата толку многу, пишува AutoBild.

Трикот за спуштање на температурата за десет степени за кој пишуваат е познат како јапонска техника.

Она што треба да направите е да го спуштите прозорецот на совозачката врата и да ја отворите и затворите возачката врата. Тоа може да се направи и обратно, со спуштање на прозорецот на возачот и отворање и затворање на совозачката врата.

Оваа едноставна акција создава силна струја внатре која овозможува воздухот однадвор да влезе и да го исфрли воздухот што е концентриран во кабината, кој во тој момент е многу потопол.