„Honda“ ќе претстави нов електричен автомобил со единствен дизајн
Ако може да се верува на зборовите на претседателот на „Acura“, во јануари ќе биде претставена електричната генерација на „Acura NSX“.
„Honda“ ќе претстави нова серија глобални електрични возила на претстојниот Саем за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас. Тизер фотографијата на компанијата најавува елегантен и спуштен дизајн, што предизвика претпоставки за можностите на спортскиот автомобил со високи перформанси.
Потпретседателот на „Acura“ Џон Икеда, алудирал на потенцијалната електрична, трета генерација на „NSX“. „Ако забележувате, произведуваме NSX кога имаме нешто што сакаме да кажеме. Првата генерација беше бензинска. Втората генерација беше хибрид. Ќе има уште една“, рекол Икеда за „The Drive“.
Претставувањето ќе биде одржано на прес-конференцијата на „Honda“ на „CES 2024“ на 9-ти јануари.
Додека „Honda“ релативно бавно влегуваше во пазарот со електрични автомобили, се очекува дека нејзиниот „Prlogue“, „SUV“ со досег од 480 километри ќе направи значаен чекор на компанијата во САД.
Се очекува „Prologue“, кој користи технологија на „General Motors“ да има цена од високи 40.000 долари. Електричната понуда на компанијата е претставена во 2020-та година, но била ограничена на други пазари.
Претстојната најава пред „CES“ ја означува посветеноста на „Honda“ во ширењето на своето присуство со електрични возила на глобално ниво, а тизер фотографијата најавува потенцијално револуционерно отстапување од традиционалниот дизајн. Природата на возилото, без разлика дали станува збор за „NSX“ или за сосема нов концепт, останува шпекулативна до неговото официјално откривање на почетокот на јануари.