Kинески BYD гради фабрика во Германија?
Кинескиот BYD агресивно влегува во Европа, со две производствени погони во изградба. Едниот е во Унгарија, а другиот во Турција. Според новиот извештај, кинескиот гигант наскоро планира трет во Германија, во срцето на европската автомобилска индустрија.
Извршниот потпретседател на BYD, Стела Ли, неодамна за германски „Automobilwoche“ изјави дека кинескиот производител на електрични возила размислува за уште една фабрика.
Иако Ли не понуди други детали, извор запознаен со плановите изјави за Ројтерс дека Германија е најдобрата опција за BYD. Германија е дом на Volkswagen, BMW, Mercedes-Benz, Porsche и други реномирани производители, што може да доведе до големо раздвижување на пазарот.

Конечната одлука се уште не е донесена, но Ли вели дека во следните две години би можела да се изгради трета фабрика, најверојатно во близина на Берлин, пишува „Електрек“.
BYD сака интензивно да го прошири својот бизнис во Европа и да се поврзе со локалните клиенти. Иако Германија веројатно би била најдобрата локација, високите трошоци за производство би можеле да бидат предизвик, пренесува „Аутоблог“. Со тоа што ЕУ воведува нови тарифи за увоз на електрични возила од Кина, BYD би можел да ги намали трошоците со локално производство.
Во меѓувреме, Кина, исто така, ги предупреди домашните фирми да не инвестираат во земји кои применуваат дополнителни царини.

Фабриката на BYD во Унгарија треба да биде отворена во октомври. Втората во Турција ќе биде пуштена во употреба во 2026 година, а двете фабрики се очекува да имаат комбиниран годишен производствен капацитет од 500.000 единици.