Porsche одбива да се приклучи на револуцијата: Рачниот менувач останува во понудата на иконскиот модел
Порше, германскиот производител на спортски автомобили, потврди дека нивниот иконски модел 911 ќе продолжи да има опција за рачен менувач, дури и во новата генерација што се подготвува.
Андреас Прејнингер, шеф на GT одделот на Porsche, истакнува дека мануелниот менувач е суштински дел од идентитетот на брендот и дека компанијата ќе продолжи да им го нуди на своите клиенти. Оваа одлука е особено важна во време кога повеќето производители целосно ги отстрануваат рачните менувачи од својата понуда.

Додека многу производители ги наведуваат еколошките стандарди како причина за префрлување на автоматски менувачи, Porsche има поинаков став за ситуацијата.
Прејнингер објаснува дека рачниот менувач всушност може да биде поеколошки избор поради неговата поедноставна конструкција и помала тежина. Според него, помалиот внатрешен отпор кај рачниот менувач значи дека возилото може да користи поголема моќност на моторот, со помала потрошувачка на гориво.

И покрај напредокот во технологијата и подобрувањата во автоматските менувачи со двојна спојка, Porsche стои на својот став.
За љубителите на автентичното спортско возење, кои сакаат целосна контрола над своето возило, мануелниот менувач ќе продолжи да биде достапна опција во новата генерација на моделот 911 Оваа одлука покажува дека германскиот производител ги става желбите на своите клиенти и традицијата пред сегашните трендови во автомобилската индустрија.