АвтомобилиПопуларно

“Xiaomi” се приклучува на пазарот на електрични автомобили

“Xiaomi” – кинескиот електронски гигант и еден од најголемите производители на паметни телефони во светот – направи автомобил наречен “Xiaomi SU7”. Автомобилот постигна инстантен успех, а во првите 24 часа беа резервирани речиси 90.000 примероци, а веќе првиот ден, периодот на чекање за испорака на автомобилот беше повеќе од 30 недели.

Корисниците се пре задоволни од цената

Тоа не е чудно, бидејќи автомобилот, чиј карактер и перформанси се многу слични на моделите како “Tesla Model 3” и “Porsche Taycan”, има многу поволна цена која започнува од помалку од 30 илјади евра, додека технологијата која е вградена во автомобилот е фасцинантна.

Само да напоменеме дека достапни се три верзии (Standard, Pro и Max), од кои секоја има батерија со различен капацитет, а во зависност од верзијата е погон на задните или на сите четири тркала.

За брендот познат по своите паметни телефони не е изненадувачки што SU7 има огромен централен дисплеј. Станува збор за 16,1-инчен екран на допир со 3K резолуција и ‘HyperOS’ инфозабавниот систем на брендот кој може да прикаже повеќе додатоци за мапи, музика и помош за возачот истовремено. Зад воланот со три краци има и дигитална инструмент табла од 7,1 инчи, како и head-up дисплеј.

SU7, исто така, располага со интегриран LiDAR сензор на врвот на шофершајбната, сличен на оние на водечките Volvo EX90, Polstar 3 и Lotus Emeya. Тој е надополнет со бројни камери и други сензори околу автомобилот кои заедно обезбедуваат податоци за технологијата за автономно возење на Xiaomi Pilot.

Безброј опции за персоналиација

Сепак, уникатно е што Xiaomi истовремено лансираше десетици различни додатоци кои можат многу лесно да се вградат во автомобилот и со тоа целосно да го персонализираат. На пример, ако не сакате да се потпрете само на огромниот екран осетлив на допир, на дното на екранот може да се прикачат збир на физички контроли и големо тркало за јачина на звук. Тоа е само еден од многуте слични детали, а повеќе од нив можете да видите во видеото подолу.