Бизнис

Гугл продолжи со отпуштање вработени откако побараа договор со Израел да се раскине

Гугл која беше една од главните подржувачи на “Cancel culture” многу брзо го смениа мислењето откако баш таа култура почна да и губи пари на компанијата

Имено, откако вработените почнаа да го протестираат проектот ‘Nimbus’ со Израел вреден 1.2 милијарди долари, Гугл веднаш отпушти 28 вработени кои протестираа во канцелариите на директорот, на што компанијата повика полиција и насилно ги извади.

Но како што пренесуваат медиумите, отпуштањата не прекинале таму. Групата која го одржа протестот “No Tech for Apartheid” изјави дека не станувало збор за 28 вработени туку имало повеќе кои останале без работа.

Според спикерката на групата Џејн Чанг, челниците Гугл продолжиле и отпуштиле од прилика уште 20 вработени, вклучувајќи и луѓе кој ја подржувале каузата, но не учествувале во протестот

„Целите на Google се јасни: корпорацијата се обидува да го отфрли несогласувањето, да ги замолчи своите работници и повторно да ја потврди својата моќ над нив“, рече Чaнг во нејзината изјава. „Во своите обиди да го стори тоа, Гугл одлучи без церемонија и без соодветна процедура, да ја наруши егзистенцијата на над 50 свои работници“.

Во принцип филозофијат на Гугл искача дека е подржување на слобода на говор, се додека тој говор не се одрази на профитот на компанијата…