БизнисПопуларно

Драматичен развој на настаните во Боинг: Првиот човек на авиокомпнијата даде оставка, а директорот отиде во пензија!

Првиот човек на Боинг, Калхун беше под зголемен притисок од 5 јануари, кога дел од трупот на авион на Алјаска ерлајнс падна од средината на летот на 5.000 метри над земјата.

Во еден од најголемите пресврти во поновата историја, првиот човек на Боинг, Дејв Калхун, најави дека ќе се пензионира до крајот на оваа година, додека Стен Диел, претседател и извршен директор на Комерцијалните авиони на Боинг, ќе се пензионира веднаш, соопшти американскиот производител на авиони.

Овие промени се чини дека се резултат на серија безбедносни инциденти што ја потресоа компанијата, кулминирајќи со одвојувањето на панелот за време на летот 737 MAX во јануари, според специјалисти за воздухопловни медиуми.

Овој инцидент заедно со слични дешавки кои што неодамна се случија со Боинг. предизивика големи секирации кај воздухопловните регулатори и јавна забринетост што доведе до ограничување на производството и намалување на довербата во безбедноста на авионите произведени од Боинг.

Како дел од пошироката реорганизација, компанијата објави дека Стефани Поп ќе го води комерцијалниот бизнис на Боинг, Боинг комерцијални авиони, додека Стив Моленкопф ќе ја преземе улогата на претседател на управниот одбор на компанијата.

Овие промени имаат за цел да ја ревитализираат компанијата и да ја вратат довербата на јавноста во безбедноста и квалитетот на нивните производи.

“Беше една од најголемите привилегии да му служана Боинг” изјави Калхун во писмо до вработените. “Очите на светото се вперени во нас, и знаеме дека ке поминеме низ овој тежок период како подобра компанија. Ќе останеме фокусирани на завршувањето на работата која што заедно ја започнавме за да ја вратиме стабилноста на нашата компанија после овие одлицни 5 години кои поминаа, со безбедности и квалитет на прво место!”

Овие настани, исто така, ги разнишаа односите на компанијата со клиентите и партнерите, што доведе до разговори за можно откуп на поранешниот бизнис на Боинг, “Spirit AeroSystems”. Покрај тоа, авиокомпаниите се сè повеќе фрустрирани од доцнењето на испораката на авиони, додека Боинг се бори да се справи со внатрешните проблеми и предизвици, а исто така не помогна сведочењето на вработените против квалитетот на нивните авиони.