Бизнис

„ЗАДРЖЕТЕ ГИ, ЛАЖНИ СЕ“ Крадец вратил луксузни часовници во Милано

Ранец со луксузни часовници бил вратен пред хотелот Вестин во Милано, каде што бил украден од американски турист, со порака на која пишувало „Задржете ги часовниците, тие се лажни“, објавија денес италијанските медиуми.

Украдениот ранец се појавил пред хотелот 24 часа по грабежот.

Во него имало четири часовници Ричард Мил во вкупна вредност од 600.000 евра, како што тврдел американскиот турист.

Тој исто така изјавил дека во ранецот имало и AirPods, кредитни картички, 600 долари и 300 евра.

Крадецот го негирал тоа, туристот исчезнал

Полицијата го уапсила осомничениот за кражбата, 26-годишен Алжирец, додека трага по неговиот соучесник.

Осомничениот Алжирец, сепак, тврдел дека во ранецот немало ништо освен лажни часовници, негирајќи ги тврдењата на туристите.

Американскиот турист самиот ја известил полицијата за кражбата и за содржината на ранецот, тврдејќи дека украдените часовници вредат по 150.000 евра.

Сепак, Американецот се вратил во САД малку подоцна, а полицијата никогаш повеќе не слушнала за него.

Истрагата за целиот инцидент продолжува, а полицијата не исклучува никаква можност.