Бизнис

Кој вложува, трие раце: Нови рекорди на Волстрит

На Волстрит, индексот S&P 500 достигна рекордно високо ниво во четвртокот, како и Nasdaq индексот, најмногу благодарение на добивките на технолошките акции.

Индексот Dow Jones зајакна 0,12 отсто, на 38.996 поени, додека S&P 500 порасна за 0,52 отсто, на 5.096 поени, а индексот Nasdaq 0,90 отсто, на 16.091 поени.

Новите рекорди за S&P 500 и Nasdaq индексите во голема мера се должат на растот на цените на акциите на технолошките гиганти, како што е произведувачот на чипови „Nvidia”.

Позитивно влијание врз пазарот имаа и податоците за инфлацијата, кои беа во согласност со очекувањата.

Главно благодарение на еуфоријата за развојот на вештачката интелигенција, берзанските индекси пораснаа во февруари четврти месец по ред. Во изминатиот месец, Dow Jones порасна за 2,2 отсто, додека S&P 500 скокна за 5,2 отсто, а индексот Nasdaq порасна за 6,1 отсто.

Акциите растат и на европските берзи.