Купил магацин за 460 евра и пронашол милиони внатре: Врескал од среќа, а потоа се случил шокантен пресврт
Приказната за аукционерот Ден Дотсон, најпознат по реалното шоу „Storage Wars“, повторно и повторно се актуелизира на мрежите.
Тој го шокираше светот, пред неколку години, кога откри дека еден човек купил стар магацин за 500 долари (околу 460 евра) и внатре пронашол неверојатно богатство.Доколку сте ја гледале споменатата ТВ серија, знаете дека заинтересираните се натпреваруваат за купување магацини, надевајќи се дека ќе заработат.
Внатре најчесто наоѓаат работи од втора рака, но среќата понекогаш им се насмевнува, како во случајот со неименуван маж, пренесува Unilad.Дотсон откри дека една жена му пришла и го оставила без зборови со својата приказна.
„Нејзиниот сопруг купи складиште од мене и најде стар сеф. Ангажирале експерти за да го отворат. Внатре имаше 7,5 милиони долари во кеш“, рече тој.
Приказната звучи неверојатно, а многумина мислеа дека е поставена за да го популаризира ТВ шоуто.
Од друга страна, Дотсон го раскажа и продолжението со шокантен пресврт.
„Потоа добија телефонски повик од адвокат кој ги застапуваше поранешните сопственици на магацинот. Тие ги бараа парите назад, заедно со такса од 600.000 долари. Потоа ја удвоија сумата, па зделката беше воспоставена“, додаде тој.
Дотсон смета дека епилогот им одговарал на двете страни.„Да се направи 1,2 милиони од магацин купен за 500 долари е пеколна зделка“, заклучил тој.
Ако сте љубител на ТВ сериите, можеби ќе се запрашате како никогаш не сте ја гледале оваа епизода. Причината е едноставна – тој ден немаше снимање.