ЛУДИЛО! Колку заработува Роналдо за 1 секунда? Сите се прашуваат: Па, можно ли е ова…
За саат време заработвува нечија годишна плата
Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, одлучи да ја напушти Европа во 2022 година и да потпише договор со Ал Наср во Саудиска Арабија.
Португалецот прв „ја стави ногата“ и им ја отвори вратата на многу други светски ѕвезди кои решија својот талент да го пренесат на Блискиот Исток.

По неговиот пат тргнаа Нејмар, Садио Мане, Карим Бензема, Емерик Лапорт, Рубен Невес, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Александар Митровиќ, Роберто Фирмино и многу, многу други.
Договорот на Роналдо истекува на крајот од оваа сезона, но иако има 40 години, неговите настапи на теренот се уште се на исклучително високо ниво.
Имено, Португалецот во сите натпреварувања има постигнато 72 гола во дресот на својот тим, а неговото влијание е многу поголемо од бројките на теренот.
Бидејќи Роналдо практично е пионер на фудбалот во оваа земја, саудиските медиуми пишуваат дека договорил нова едногодишна соработка со Ал Наср вредна нереални 200 милиони евра годишно!

Ако малку подобро ги разложиме овие бројки, доаѓаме до бројка од 16,6 милиони евра месечно или 533 илјади дневно!
Со едноставна пресметка стигнуваме до фактот дека Роналдо на час касира 22.222 евра или 370 евра за минута!
Со еден здив, Португалецот ќе биде побогат за 6 евра.
Секако, ова е само дел од колачот што го зема Роналдо, останатото е од спонзорски договори, а се проценува дека богатството на Роналдо е околу 800 милиони евра.