БизнисПопуларно

Младата српска наследничка може да го купи половина Белград: Има 23 години, а нејзината соба е поголема од стан на просечен Балканец

Ема Цептер, наследничката на едно од најбогатите семејства во Србија, повторно успеала да направи хаос на социјалните мрежи.

23-годишна девојка не престанува да споделува фотографии од луксузните дестинации и во скапи фустани поради кои многумина коментираат дека „животот дефинитивно е за некого мајка, а за некого маќеа“.

Наследничката на „Цептер“ империјата навистина го живее животот со полна пареа, што особено може да се види од нејзиниот „Instagram“ профил, па еден ден е во Париз, потоа во Монте Карло, па ќе „скокне“ до Белград, па до Лондон …

Секоја локација е полуксузна од претходната, без разлика дали фотографиите се направени во хотелски соби или приватни станови. А еден поглед е доволен за да ви стане јасно дека и најмалата просторија од нејзините фотографии е поголема од стан на просечен Балканец.

Интересно е што животот на Ема не бил отсекогаш „мед и млеко“. За жал, оваа прекрасна млада девојка била напуштена уште на раѓање, но многу брзо го привлекла вниманието на најбогатиот брачен пар во Србија – Филип и Медлин Цептер, кои ја одвеле во топол дом и ѝ ја пружиле сета љубов која може да се замисли.

„Со сите тие тинејџерски моменти кои се присутни кај сите деца на таа возраст, можам да кажам дека Ема е добра девојка. Добра ученичка. Што велат овие кои нè чуваат, возат – ја знаеме Ема, таа учи од својата втора година. Сега завршува факултет. Таа би сакала да оди во Америка, но каква Америка – кој ќе патува толку далеку. Ќе гледаме тоа да биде негде околу Лондон“ своевремено зборувала Медлин Цептер во емисијата „ТВ лицата како сиот нормален свет“.