Најбрзо растечката економија во светот во опасност од соседите!
Најбрзо растечката економија во светот е оваа мала нација на Гвајана, сместена помеѓу Бразил, Венецуела и Суринам која нешто слично како Дубаи, пронајде големи количини нафта на нивната земја
Нацијата од 800 илјади луѓе минува низ огромна трансформација. Причина за тоа е нафтата. Многу, многу нафта.
Резервите на нафта се толку огромни што претседателот на Венецуела Николас Мадуро ги ескалира долгогодишните претензии за регионот Есекибо, кој сочинува околу 70% од територијата на Гвајана.
Покрај заканите од соседите, нафтата носи и други предизвици
Тоа е затоа што иако неочекуваните приходи од природни ресурси можат да создадат феноменално богатство, тие исто така можат да предизвикаат проблеми како што се хипер инфлација, социјални и политички пресврти и се поголема поделба кај народот.
Како што изјавуваат граѓаните “Потребно ни е лидерство кое ке сфати дека се наоѓаме во комплицирана ситуација. Пребрзо растеме, владата пребрзо расте, а нашата инфраструктура е иста. Мора прво да се инвестира во неопходните сектори за потоа да ни порасне државата”
Од друга страна, Венецуела ја прогласи земјата со нафта меѓу нивната земја и Гвајана за нова „држава“ – пркосејќи на пресудата на Меѓународниот суд на правдата против таквите дејства.
Гвајана инсистира дека нема да се откаже од регионот без борба и, наводно, е подготвена да ги брани своите граници, со помош од Западот. Дали не чека уште една војна, но овој пат во Јужна Америка?