Основачот на OpenAI ја одби понудата на Маск од 97,4 милијарди долари
Според Wall Street Journal, адвокатот Марк Тобероф открил дека Маск и конзорциумот ја понудиле оваа огромна сума за преземање на непрофитната организација која го контролира OpenAI.
Сем Алтман, основачот на OpenAI, ја отфрли понудата од 97,4 милијарди долари од Илон Маск заедно со група инвеститори за купување на компанијата.
Маск во таа прилика рече:
“Време е OpenAI да се врати на силата со отворен код, фокусирана на безбедноста како што беше некогаш. Ќе се погрижиме тоа да се случи.”
Меѓутоа, Алтман брзо ја одбил понудата со провокативен одговор.
“Не благодарам, но ќе го купиме Твитер за 9,74 милијарди долари ако сакаш”
Маск не му остана должен и му даде кратка порака.
“Преварант.” рече тој.

Долгогодишен конфликт меѓу Маск и Алтман
Ривалството меѓу Илон Маск и Сем Алтман трае уште од времето кога тие го коосноваа OpenAI. Откако Маск ја напушти компанијата во 2018 година, нивната врска се влоши, а милијардерот го нарече Алтман „измамник“, додека Алтман одговори нарекувајќи го „насилник“.
Понудата на Маск да купи OpenAI може сериозно да ги загрози плановите на Алтман да ја приватизира компанијата, пишува Wall Street Journal.
За OpenAI да стане профитабилна приватна компанија, нејзината комерцијална група мора да ги откупи средствата на контролната непрофитна организација по пазарна вредност. Сепак, понудата на Маск може значително да ја зголеми цената на тие средства, што ќе го отежне финансирањето на процесот за Алтман и неговиот тим.

Маск се сомнева во финансиската стабилност на OpenAI
Пред само еден месец, Маск ја доведе во прашање одржливоста на инвестицијата од 500 милијарди долари што OpenAI делумно ја финансираше за изградба на центри за податоци во САД. Тогаш тој рече дека иницијаторите на овој проект „всушност немаат пари“, што дополнително фрла сенка врз иднината на компанијата.