БизнисПопуларно

Првата жртва на новите тарифи на Трамп: Нинтендо ја одложува продажбата на Switch 2 во САД

Според Nintendo, почетокот на продажбата, закажан за 5 јуни, останува непроменет.

Само неколку дена откако беше претставено пред светот, новата рачна конзола на Nintendo, Switch 2, веќе е ставена на чекање. Барем во САД.

Како што соопштија од компанијата, тие го одложиле почетокот на претпродажбата на Switch 2 во САД додека не проверат како новите царински стапки ќе влијаат на неговата цена.

Да потсетиме, Трамп воведе нови царински стапки за речиси сите земји во светот (за Јапонија тие изнесуваат 24 проценти), а тие треба да почнат да се применуваат од 9 април, истиот ден кога требаше да започне претпродажбата на Switch 2 во САД.

Според Nintendo, почетокот на продажбата, закажан за 5 јуни, останува непроменет.