БизнисПопуларно

Сакал само да дремне после работа: Лекарите не можеле да предвидат што ќе се случи во следните 32 часа

51-годишен маж доживеал здравствена состојба потенцијално опасна по живот, откако легнал да дремне после работа.

Уморен се вратил дома сакајќи малку да ги затвори очите. Наместо краток попладневен сон, како што планирал, следеле повеќе од 32 часа онесвестување, што за малку ќе довело до кома, според лекарите.

„Бев целосно исцрпен. Си реков дека само ќе одморам малку“, рече Алекс (името е променето на барање), кој живее сам во гарсоњера.

Лежејќи мирно во работната облека, заспал околу 20 часот и 30 минути, но она што следело било се освен обична дремка.

“Следното нешто на кое се сеќавам беше дека се будам збунето и мамурно. Погледнав во часовникот и видов дека е 4:30. Мислев дека е утро и спиев околу седум часа”, рекол тој.

Сепак, се покажа дека поминал повеќе од еден ден – цели 32 часа – и неговата состојба лекарите ја окарактеризирале како продолжено онесвестување кое можело да има сериозни здравствени последици.

Иако причината сè уште не е официјално потврдена, лекарите се сомневаат во комбинација на екстремен физички замор, можна дехидрација и веќе постоечка медицинска состојба што доведе до овој ненадеен пад на енергијата.

За овој необичен случај, лекарите велат дека е предупредување за сите кои ги игнорираат сигналите кои телото им ги испраќа – хроничниот замор, стресот и занемарувањето на основните потреби на организмот може да има сериозни последици.