Бизнис

Сем Бенкман-Фрид осуден на 25 години затвор!

Директорот на пропадната крипто берза „FTX“ доби казна од 25 години откако украде 8 милијарди долари од корисниците на неговата сега банкротирана крипто берза

Окружниот судија на САД Луис Каплан ја изрече казната на судското сослушување во Менхетен, откако го отфрли тврдењето на Бенкман-Фрид дека клиентите на FTX всушност не изгубиле пари и се откри дека тој лажел за време на неговото сведочење.

Поротата го прогласи Бенкман-Фрид (32) за виновен на 2 ноември по седум обвиненија за измама и заговор кои произлегуваат од колапсот на FTX во 2022 година.

Обвинителите ја нарекоа измамата „една од најголемите финансиски измами во историјата на САД“.

Каплан рече дека Бенкман-Фрид не покажал никакво каење. „Знаеше дека не е во ред“, рече Каплан. „Тој знаеше дека тоа е криминал. Сега му е криво дека мислеше дека веројатноста да биде фатен е многу мала. Но, тој нема да признае ништо, како што е негово право“.

Бенкман-Фрид, облечен во беж затворска маица со кратки ракави, тој им се извини на своите поранешни колеги од FTX – но не призна дека сторил кривично дело.

Тој вети дека ќе поднесе жалба на неговата осуда и казна.