Бизнис

Тесла отпушта повеќе од 10% од вработените

Автомобилската компанија „Тесла“ најави дека ќе отпушти повеќе од 10 отсто од вработените кои работат на производство на електрични автомобили

Според последниот годишен извештај, најголемиот светски производител на електрични автомобили по пазарна вредност во декември имал 140.473 вработени во погоните ширум светот.

„Направивме темелен преглед и донесовме тешка одлука да го намалиме бројот на вработени за повеќе од 10 проценти на глобално ниво. Нема ништо што повеќе мразам, но мора да се направи. Ова ќе ни овозможи да бидеме иновативни и гладни за следниот циклус на фаза на раст“, ​​рече Маск.

Tesla го намали производството во фабриката во Шангај минатиот месец, а минатата недела им кажа на вработените во Cybertruck дека ќе има намалени смени во Остин.

„Тесла“ се повеќе чувствува притисок од Кина, бидејќи нејзините евтини електрични возила почнаа да го преплавуваат светскиот пазар со модели кои се достапни за речиси сите, за разлика од многу скапите автомобили на американската компанија.